ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

„Пандевци“ го добија Кораб...

Најмногу среќа на ждрепката имаше Академија Пандев, која за ривал ќе го има второлигашот од Дебар. Шкендија се среќава со Победа, Силекс со Беласица и Македонија ЃП со Работнички

објавено: 5 октомври 2018 - 12:49

Академија Пандев го доби за ривал Кораб во четвртфиналето од Купот на Македонија. Со тоа „пандевци" беа среќлии ако се знае дека тимот од Дебар е единствениот второлигаш меѓу сите четвтрфиналисти.
Секако дека ова е голема шанса за струмичани да се пласираат во 1/2 финалето. Бранителот на трофејот, тимот на Шкендија ќе мора преку Победа, додека Силекс ја доби Беласица. Се чини најинтересно ќе биде на скопскиот дуел меѓу Македонија ЃП и Работнички.

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕТО
ШКЕНДИЈА - ПОБЕДА
СИЛЕКС - БЕЛАСИЦА
А. ПАНДЕВ - КОРАБ
МАКЕДОНИЈА ЃП - РАБОТНИЧКИ

*Првите мечеви се играат на 07.11.2018 а реваншите на 05.12.2018

 

Најново во Фудбал