Без изненадувања во првата рунда од националниот Куп

Пелистер без мака ја елиминира Беласица, Силекс и Академците газеа со шестки

На теренот во Турново, Пелистер ја почна одбраната на Куп круната и тоа успешно со победа од 3:1 против Беласица

објавено: 16 август 2017 - 19:40

На теренот во Турново, Пелистер ја почна одбраната на Куп круната и тоа успешно со победа од 3:1 против Беласица. Поради реконструкција на струмичкиот стадион „Младост“, мечот се играше во Турново, а битолчани беа поуспешни. Уште поубедливо славеа Силекс против Могила и Академија Пандев со ССК Нова, а победите се со по 6:0.

Резултати, прво коло:

БЕЛАСИЦА - ПЕЛИСТЕР 1:3

ТЕТЕКС – ХОРИЗОНТ 2:1

ПЛАЧКОВИЦА – ПОБЕДА 0:4
ЗАЈАЗИ – ШКУПИ 2:4
ТИКВЕШ – РЕНОВА 0:1
МОГИЛА БИМИЛК – СИЛЕКС 0:6
ССК НОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0:6
ВАРДАР НЕГОТИНО – ЕУРОМИЛК 3:5
БОРЕЦ – ВЕЛАЗЕРИМИ 3:0
ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1:2
СТРУГА ТРИМ-ЛУМ - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 1:0

Најново во Фудбал