ДА НЕ БЕШЕ ИНЦИДЕНТОТ СО НАВИВАЧИТЕ, ПУБЛИКАТА ЌЕ ЗАСПИЕШЕ

Пелистер е преслаб и за комбинираниот тим на Вардар

Без многу мака комбинираниот тим на шампионот Вардар и вторпат го победи Пелистер само за да си го потврди пласманот во четвртфиналето во Купот на Македонија, по триумфот во Прилеп попладнево со 2-0.

објавено: 21 октомври 2015 - 16:32

Само четири првотимци имаше во составот на Вардар на денешниот меч во однос на тој што пред три дена го освои Чаир (Немања Мијушковиќ, Никола Глигоров, Владица Брдаровски и Артак Дашјан), но и овој тим покажа дека е двојно поквалитетен од битолчани, па со два гола во втората половина од првиот дел го решија победникот и на овој меч.

Јованчо Трајковски со автогол во 27-та минута од мечот ја најави осмата победа на Вардар во низа против битолскиот ривал, откако лошо изреагира по корнерот на Артак Дшјан, а потоа Ацо Стојков од пенал пет минути пред крајот го дуплираше водството за да ја верификува победата во Прилеп за да се продолжи победничката серија и уште повеќе да се зголеми самодовербата пред претстојното дерби за титула со Шкендија в недела на „Филип Втори".

Вардар можеше уште поубедливо да триумфира, но еднаш погодија дирек, домашниот голман со неколку интервенции спаси дебакл за битолчани на денешниот меч. Дуелот го одбележа и инцидентот помеѓу навивачите на стадионот поради кој имаше петминутен прекин.

Најново во Фудбал