Трилер во корист на битолчани

Пелистер го скрши гипсот, на Ренова и беа малку и три гола за четвртфинале во Купот

Пелистер се врати од работ на амбисот и од елиминација во националниот Куп, а голот на Гоце Тодоровски му донесе четвртфинале на прволигашот од Битола во двомечот со Ренова

објавено: 19 октомври 2016 - 16:29

Пелистер се врати од работ на амбисот и од елиминација во националниот Куп, а голот на Гоце Тодоровски му донесе четвртфинале на прволигашот од Битола во двомечот со Ренова.

По добитните 2:0 на домашен терен, Пелистер одигра слабо прво полувреме во Тетово, а домаќините беа фуриозни и поведоа со 3:0 по само 45 минути. Стрелци беа Садики, Мемеди и Мишковски, за резултат што потполно им одговараше на тетовци. Но, во 77. минута Тодоровски од слободен удар го „скрши“ гипсот и донесе радост за битолчани, со гол за 1:3. Пелистер издржа до крајот и на гол-разлика мина понатаму, при израмнет вкупен скор од 3:3 во двата меча.

Шкендија рутински го одработи реваншот со Работнички, по скопските 2:0 од првиот меч. Во реваншот беше 0:0, со што „црвено-црните“ од Тетово ја продолжуваат одбраната на куп-титулата.

Понатаму очекувано оди и Вардар, со две победи против второлигашот Влазрими. Денеска беше 2:0, а првиот меч актуелниот шампион го доби со 3:1, за рутински пласман во четвртфиналето.

Најново во Фудбал