Денеска паѓа одлука кои екипи ќе играат за трофејот

Пелистер го сонува четвртото куп финале, Брегалница игра за историја

Во Битола и во Скопје, денеска од 16 часот ќе се разрешат дилемите кои две екипи ќе играат во јубилејното 25. финале во македонскиот Куп, а Пелистер и Шкендија имаат предност пртед денешните реванш дуели. Битолчани на свој терен под „Тумбе Кафе“ ќе и бидат домаќини на Брегалница, по ремито, 2:2 на првиот меч, а Шкендија во Тетово ќе стартува со предност од 3:1 од првиот дел од двомечот против Вардар

објавено: 19 април 2017 - 14:30

Во Битола и во Скопје, денеска од 16 часот ќе се разрешат дилемите кои две екипи ќе играат во јубилејното 25. финале во македонскиот Куп, а Пелистер и Шкендија имаат предност пртед денешните реванш дуели. Битолчани на свој терен под „Тумбе Кафе" ќе и бидат домаќини на Брегалница, по ремито, 2:2 на првиот меч, а Шкендија во Тетово ќе стартува со предност од 3:1 од првиот дел од двомечот против Вардар.

Трофејот го брани Шкендија и пак е многу блиску до финалето и нво меч за куп титулата.

„Блиску сме до пласман во финалето, но ќе треба на терен и да го потврдиме пласманот. Вардар е опасен противник и не смее да има опуштање. Не чувствуваме притисок, а секако дека ќе сториме се да се пласираме во финалето и потоа и да го одбраниме трофејот“, вели Стенио Жуниор. Предноста е огромна и тетовци се фаворити за четврто учество во завршницата од домашниот куп.

Четврто финале посакуваат и биролчани, а денеска по долг период ќе играат пред својата публика на стадионот под „Тумбе Кафе“. Пелистер има три финалиња досега и една титула, таа од 2001 година.

„Ги имаме сите услови за успех. Ќе играме на наш терен, пред нашата публика, а подготвени сме да дадеме максимум за да се пласираме во финалето“, велат од таборот на Пелистер.

Брегалница досега нема играно во финалето, а ќе мора да одигра многу подобро од претставите кои ги има сезонава за да го прослави историскиот успех и настап во мечот за титулата во националниот куп.

 

Најново во Фудбал