Денеска се играат мечевите од националниот куп

Пелистер им ја прекина доминацијата, Работнички и Шкендија во дербито одлучуваат кој ќе атакува на трофејот во купот

Работнички и Шкендија денеска од 15,30 часот ќе го почнат двомечот од осминафиналето на националниот куп и една од двете екипи ќе мора да се прости од ова натпреварување. Двете екипи во последните 4 години заедно имаат две титули, а доминацијата им ја прекина актуелниот освојувач Пелистер

објавено: 13 септември 2017 - 12:15

Работнички и Шкендија денеска од 15,30 часот ќе го почнат двомечот од осминафиналето на националниот куп и една од двете екипи ќе мора да се прости од ова натпреварување. Двете екипи во последните 4 години заедно имаат две титули, а доминацијата им ја прекина актуелниот освојувач Пелистер.

Битолчани му се домаќини на амбициозниот второлигаш Борец од Велес, а очекуваат продолжување на походот кон одбрана на титулата. Ја освоија во Струмица со триумф против Шкендија со 1:0 и спречија сценарио 2:2 меѓу тетовци и Работнички.

Романтичарите од Скопје го креваа пехарот во 2014 и 2015 година, а по нив Шкендија беше освојувач. Ждрепката беше немилосрдна, па овие две екипи денеска во населбата Ѓорче Петров ќе одлучуваат кој оди понатаму. Сите дуели се играат од 15,30 часот денеска, а само дуелот меѓу Вардар и Шкупи е одложен поради настап на шампионот во Европа Лигата.

Двојки, 15.30 часот: Работнички - Шкендија, Пелистер - Борец, Брегалница - Победа, Скопје - Еуромилк, Кожув - Тетекс, Ренова - Струга Трим и Лум, Силекс - Академија Пандев. Вардар - Шкупи одложено.

Реваншите ќе се играат на 18. октомври.

Најново во Фудбал