Бранителот на трофејот сака реприза

Пелистер не го дава купот, ја декласира Победа со 5:2

Пелистер сака реприза од ланското издание на националниот куп кога го освои пехарот по вторпат во клупската историја, а битолчани се со едната нога во полуфиналето, по денешната убедлива победа против Победа со 5:2

објавено: 8 ноември 2017 - 15:29

Пелистер сака реприза од ланското издание на националниот куп кога го освои пехарот по вторпат во клупската историја, а битолчани се со едната нога во полуфиналето, по денешната убедлива победа против Победа со 5:2.

На добар пат кон завршницата се и Ренова и Академија Пандев, по победите од 2:0 над Скопје, односно Тетекс.

Пелистер славеше неочекувано со три гола разлика, а утна и пенал во првото полувреме. Победа казни со голот на Ристевски во 28. минута, а потоа со два гола на ветеранот Гоце Тодоровски Пелистер направи пресврт. Но и тоа не беше се во првото полувреме, бидејќи Јорданчо Наумоски од пенал израмни на 2:2, резултат со кој се замина на одмор.

Во продолжението домаќините имаа апсолутна доминација и со три гола стасаа до убедлив треиумф и одлична залиха пред реваншот во Прилеп.

Редум погодуваа Оливер Пеев и Лукас ба двапати за триумф од 5:2.

Академците на Пандев со головите на Мишов и Балдовалиев забележаа победа од 2:0 на гости кај Тетекс, единствениот второлигаш во четвртфиналето. Идентичен триумф забележа и Ренова против Скопје, а стрелци беа Филип Петоковски и Стефан Костов. 

Шкендија го чека ривалот во четвртфиналето, а за него ќе одлучуваат Вардар и Шкупи во скопскиот двомеч, кој се уште не е започнат.

Најново во Фудбал