Струмичани чекор поблиску до финале

Пелистер нема дерман од Академците на Пандев

Академија Пандев и на третиот меѓусебен меч со Пелистер потврди дека е незгоден противник за битолчани и води со 1:0 по првиот дел во првиот полуфинален меч од националниот куп

објавено: 14 март 2018 - 14:49

Академија Пандев и на третиот меѓусебен меч со Пелистер потврди дека е незгоден противник за битолчани и води со 1:0 по првиот дел во првиот полуфинален меч од националниот куп.

Јани Атанасов погоди во 31. минута за голема предност на струмичани, кои го очекуваат првото финале во клупската историја.

Пелистер потоа доминираше, имаше и две шанси и покажа дека сепак нема лесно да се предаде во мисијата да се одбрани ланската титула во купот.

Слично сценарио имаше и на второто полуфинале, а Ренова со голот на Влатко Стојановски поведе против Шкендија, но фаворитот израмни со голот на Изаир Емини.

Најново во Фудбал