Има симболика

Пелистер пак стаса во Струмица, одбраната на Куп трофејот почнува на местото каде што е освоен

Пелистер денеска ќе ја почне одбраната на Куп трофејот во Струмица, против беласица, а има и непто симболика, бидејќи битолчани на 17.мај на истиот стадион „Младост“ ја освоија круната во финалето против Шкендија

објавено: 16 август 2017 - 14:49

Пелистер денеска ќе ја почне одбраната на Куп трофејот во Струмица, против беласица, а има и непто симболика, бидејќи битолчани на 17.мај на истиот стадион „Младост" ја освоија круната во финалето против Шкендија.

Овојпат битолчани ќе играат против домаќинот Беласица и се фаворити, но ќе мора тоа и да го потврдат на терен од 17 часот. 

Во првата фаза интересно ќе биде и на локалното дерби на Источна Македонија меѓу Осогово и Брегалница, Тиквеш и е домаќин на Ренова, а Победа гостува во Радовиш кај Плачковица. Вардар и Шкендија поради настап на европската сцена ги одложија дуелите од првата рунда во домашниот куп.

Еве ги двојките за првата рунда, денеска од 17 часот:

БЕЛАСИЦА - ПЕЛИСТЕР

ТЕТЕКС – ХОРИЗОНТ Т

ПЛАЧКОВИЦА – ПОБЕДА
ЗАЈАЗИ – ШКУПИ
ТИКВЕШ – РЕНОВА
МОГИЛА БИМИЛК – СИЛЕКС
ССК НОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ВАРДАР НЕГОТИНО – ЕУРОМИЛК
БОРЕЦ – ВЕЛАЗЕРИМИ
ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА ТРИМ-ЛУМ - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – НОВАЦИ

30 АВГУСТ, 17 Ч

ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА
ЛОКОМОТИВА – ВАРДАР
*Работнички и Скопје се слободни

Најново во Фудбал