Во 1/16-финалето на Купот на Македонија

Пелистер се „спасуваше“, Академија Пандев фуриозно

Академија Пандев ја „торпедираше“ Македонија ЃП, Пелистер на пенали ја мина Беласица додека Ренова, Работнички и Силекс немаа проблеми

објавено: 17 август 2016 - 19:45

Можеби најголемото изненадување во денешното 1/16 финале од Купот на Македонија е убедливиот триумф на Академија Пандев над прволигашот Македонија ЃП од 5:0. 

Лидерот во прволигашката конкуренција Пелистер дури по изведувањето на пеналите го совлада тимот на Беласица откако во регуларниот дел заврши 2:2.

Работнички немаше проблем со Чаклани, како и Ренова со Еуромилк. Силекс минимално го совлада тимот на Малеш Берово.

 

КУП 1/16 ФИНАЛЕ, РЕЗУЛТАТИ

Чаклани - Работнички 1:6

Влазними - Тетекс 0:1

Сатеска - Металург 0:3

Беласица - Пелистер 2:2 (пен. 3:5)

Ак. Пандев - Македонија ЃП 5:0

Љуботен - Хоризонт Т. 0:6

Вардар Н. - Шкупи 0:2

Еуромилк - Ренова 1:3

Новаци - Скопје 2:1

Малеш - Силекс 0:1

Скендербеу - Вардар 24.08

Г. Коњари - Шкендија 30.08

Најново во Фудбал