БИТОЛЧАНИ СЕГА СЕ САМО НА ЧЕКОР ОД ПЕХАРОТ

Пелистер слави финале во Купот на Македонија (Видео)

Во првиот меч на својот стадион во 2017 година, „зелено-белите“ победија за место во завршниот дуел од најмасовното фудбалско натпреварување кај нас

објавено: 19 април 2017 - 17:58

Пелистер е првиот финалист во Купот на Македонија. Битолчани, на домашен терен минимално со 1:0 ја победија Брегалница и со вкупни 3:2 се радуваат по двомечот со штипјани. 

На битолчани им одговараше и меч без погодоци, откако првиот меч заврши 2:2. За да нема дилеми до последниот свиреж се погрижи Лукас. Бразилецот погоди во 80 минута за минимален триумф од 1:0 и потврден пласман во финалето. 

За Пелистер ова ќе биде четврто учество во финалето. Најголемиот успех битолчани го направија во 2001 година, кога прв и засега единствен пат се радуваа на трофејот. Сега, 16 години подоцна, Пелистер најавува атак на уште еден пехар во Купот на Македонија.

Најново во Фудбал