Немаше изненадувања

Пелистер стаса на два чекори до одбрана на Куп круната, полуфинале и за Академија Пандев и Ренова

Пелистер е на два чекори до одбрана на куп титулата по ремито, 2:2 во реванш дуелот со Победа. Со вкупен резултат од 7:4 битолчани се пласираа во полуфиналето, а место во завршницата има и за Академија Пандев и за Ренова

објавено: 29 ноември 2017 - 15:03

Пелистер е на два чекори до одбрана на куп титулата по ремито, 2:2 во реванш дуелот со Победа. Со вкупен резултат од 7:4 битолчани се пласираа во полуфиналето, а место во завршницата има и за Академија Пандев и за Ренова.

Шкендија е на „стенд бај“ и го чека подобриот од двомечот меѓу Вардар и Шкупи, кој почнува утре.

Победа како домаќин на стадионот во Битола не успеа да ја реализира невозможната мисија и да ги анулира големите 5:2 што ги имаше Пелистер од првиот меч. Прилепчани поведоа со 1:0, па губеа со 1:2, а на крајот стасаа само до реми, недоволно за пласман понатаму.

Со пресврт Ренова уште еднаш го победи Скопје, денеска на гостински терен со 2:1 и со вкупен резултат од 4:1 е полуфиналист.

Академците на Пандев пак го декласираа Тетекс, денеска во Струмица со 4:1 и со убедливи 6:1 во вкупен збир на голови се пласираа во полуфиналето. 

Најново во Фудбал