Први мечеви од осминафиналето во националниот куп

Пенал вртелешка за Вардар во Кичево, Шкендија пак го победи Работнички

Со два пенали за две минути, кои ги реализираше Хуан Фелипе, Вардар направи пресврт во Кичево и со предност од 3-1 ќе го пречека Велазерими во реванш-мечот од осминафиналето во националниот куп. Во реприза од ланското финале Шкендија ја репризираше победата од 2-0 против Работнички на гостински терен

објавено: 21 септември 2016 - 17:33

Со два пенали за две минути, кои ги реализираше Хуан Фелипе, Вардар направи пресврт во Кичево и со предност од 3-1 ќе го пречека Велазерими во реванш-мечот од осминафиналето во националниот куп. Во реприза од ланското финале Шкендија ја репризираше победата од 2-0 против Работнички на гостински терен.

Вардар неочекувано со многу мака го победи Велазерими на гости. Со двата гола од пенал на Фелипе во 56. и 58. минута, и погодокот првенец за Стојчевски „црвено-црните“ направија пресврт, откако домаќините поведоа со голот на Сунај во 43. минута. Вардар цели 9 години нема титула во домашниот куп.

Шкендија пак го надигра и победи Работнички со 2-0, идентично како и лани во финалето, па е апсолутен фаворит за пласман во четвртфиналето. На домашен терен тетовци ќе тргнат со огромна предност што ја донесоа Алими и Радески со два гола во вториот дел.

Вистински херој на првите дуели од осминафиналето е Лазар Илиев од Брегалница, со хет-трик против Тетекс во победата на штипјани од 4-0. Иван Митров беше стрелец на последниот гол, со кој Брегалница е сигурен патник во четврртфиналето. Силекс во Кратово го победи Хоризонт Турново со 2-1, со предност од 1-0 Шкупи ќе го пречека тимот на Академија Пандев во реваншот, а сигурни 2-0 има и Пелистер против Ренова. Победа во регионалната пресметка со Новаци славеше со 2-1 на гостински терен. Металург беше слободен и има сигурен пласман во четвртфиналето на купот.

 

Најново во Фудбал