ОСВЕН ТРОФЕЈОТ И МЕДАЛИТЕ, ЌЕ ИМА И ПАРИЧНА НАГРАДА

Премија од 33.000 евра за пелистерци

Играчите на победникот ќе поделат солидна сума, која ќе биде дадена како награда за успехот

објавено: 17 мај 2017 - 21:20

Пелистер е првиот тим кој сезонава се радува на трофеј во фудбалска Македонија. Битолчани се најдобри во Купот. Со овој триумф, „зелено-белите“ веќе и сигурно си обезбедија излез во фудбалска Европа, односно пласман во Лигата на Европа. 

За триумфот против Шкендија, освен пехарот и медалите кои го добиваат од Фудбалската федерација на Македонија, играчите на Пелистер ќе бидат и парично наградени од челниците на клубот. Според најавите, ќе има парична награда, односно премија од вкупно 33.000 евра која ќе ја поделат новите битолски херои.

 

Најново во Фудбал