КОМПЛЕТИРАНО 1/16-ФИНАЛЕТО ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Работнички без милост: „Романтичарите“ му испорачаа 11 гола на тимот на Фортуна

Денеска со три натпревари се комплетираше 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Актуелниот освојувач Работнички го демолираше тимот на Фортуна со 0-11.

објавено: 13 август 2015 - 19:21

По два гола постигнаа Баже Илијоски, Чума Анене, Милан Ристовски и Мите Цикарски, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Душко Трајчевски, Марјан Алтипармаковски и Херера.

„Романтичарите“ ја изедначија рекордната победа на Хоризонт Турново од ова прво коло во Купот, кој вчера со истиот резултат 11-0 славеше против Лирија.

Пелистер исто така немаше милост против 11 Октомври и славеше на гостински терен со убедливи 8-0. Брегалница исто така победи од прволигашите и тоа со 2-0 против третолигашот Плачковица

РЕЗУЛТАТИ
Денеска
Фортуна - Работнички 0-11
11 Октомври – Пелистер 0-8
Плачковица - Брегалница 0-2

Вчера
Еуромилк – Ренова 1-2
Вулкан – Македонија Ѓ.П. 2-0 (прекината)
Превалец – Силекс 0-4
Лирија – Х. Турново 0-11
Зајази – Шкендија 0-4
Беласица – Скопје 0-2
Љубанци – Тетекс (4-3 пен.), 1-1
Победа – Младост ЦД (6-7 пен), 1-1
Кожув – Вардар 0-1
Малеш – Металург 1-9
Љуботен – Шкупи 1-5
Поешево - Гостивар (3-5 пен.), 0-0

Најново во Фудбал