Крена ли раце Вардар од купот

Седлоски: Наш менталитет македонски

Нашиот менталитет македонски е таков, а ние влеговме опуштено во денешниот дуел, по победата во недалата, што Шкендија го искористи и сега со голема предност не чека на реваншот во Тетово, изјави Гоце Седлоски, тренерот на Вардар, по денешниот пораз од 1:3 во првото полуфинале од националниот куп

објавено: 1 март 2017 - 16:50

Нашиот менталитет македонски е таков, а ние влеговме опуштено во денешниот дуел, по победата во неделата, што Шкендија го искористи и сега со голема предност не чека на реваншот во Тетово, изјави Гоце Седлоски, тренерот на Вардар, по денешниот пораз од 1:3 во првото полуфинале од националниот куп.

„И честитам на Шкендија на заслужената победа. За три дена очигледно се се смени драстично. Тоа е нашиот менталитет, честопати не успеваме да го задржиме фокусот. Ќе дадеме се од себе да се реваншираме во Тетово, но Шкендија има голема предност. Имаме и важен меч со истиот противник на гостински терен и во првенството, што значи имаме можност да возвратиме со позитивен резултат“, изјави Седлоски.

Приказната од неделата, овојпат имаше поинаква димензија, а Шкендија беше во улогата на Вардар, доминираше и победи со идентични 3:1, за потполн реванш.

Најново во Фудбал