ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА ЗА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Шкендија и Пелистер на 23 мај во Струмица

Финалната пресметка меѓу Шкендија и Пелистер во рамките на Купот на Македонија и официјално ќе се одигра во Струмица. 

објавено: 24 април 2018 - 14:34

Како што најави „Спортмедиа“, финалната пресметка меѓу Шкендија и Пелистер во рамките на Купот на Македонија и официјално ќе се одигра во Струмица. Дуелот за пехарот е закажан за 23 мај со почеток во 20 часот. 

Ова е реприза од минатогодишната пресметка, битолчани се бранители на титулата, а додека тетовските „црвено-црни“ по освојување на шампионската титула ќе се обидат оваа сезона да ја завршат со двојна круна.  

Најново во Фудбал