Не траеше долго привидниот мир на дербито

Шкендија и Вардар еден час без капитените, исклучени се Хасани и Грнчаров, мечот е прекинат

Реванш мечот во Тетово меѓу Шкендија и Вардар е во прекин, а капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров беше погоден со тврд предмет од трибината, откако тој и капитенот на домаќините Ферхан Хасани беа исклучени

објавено: 19 април 2017 - 16:42

Реванш мечот во Тетово меѓу Шкендија и Вардар е во прекин, а капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров беше погоден со тврд предмет од трибината, откако тој и капитенот на домаќините Ферхан Хасани беа исклучени.

Во 32. минута по еден старт на Грнчаров, дојде до мешаница на теренот, а најратоборни беа двата капитени. Се чинеше дека ситуацијата ќе се смири, но Хасани тргна да се пресметува со капитенот на Вардар и двајцата добија црвени картони. Грнчаров потоа беше погоден со тврд предмет, кој долета од трибината, па судијата Александар Ставрев го прекина дербито на полуфиналната пресметка во домашниот куп. Играчите на Шкендија се на теренот и очекуваат натпреварот да продолжи. Првиот меч го доби Шкендија со 3:1, а моменто е 0:0 во реваншот.

Најново во Фудбал