Тетовци на добар пат кон финале

Шкендија му се реваншира на Вардар со идентична победа од 3:1

Шкендија го победи Вардар со 3:1 во првиот полуфинален меч од националнмот куп и потполно, со идентичен резултат му се реваншира на шампионот за првенствениот пораз во неделата

објавено: 1 март 2017 - 15:51

Шкендија го победи Вардар со 3:1 во првиот полуфинален меч од националнмот куп и потполно, со идентичен резултат му се реваншира на шампионот за првенствениот пораз во неделата.

Бесарт Ибраими со еврогол од слободен удар во 26. минута најави сосема нова приказна, а истиот играч во финишот на првиот дел со удар од белата точка зголеми на 2:0 за гостите од Тетово. Тие го бранат трофејот во купот и по денешната победа се многу блиску до ново финале и атак на одбрана на круната.

Хуан Фелипе со удар од белата точка во 51. минута ги раздрма домаќините, Вардар нападна за да израмни, но прими гол во контранапад. Во 76. минута Меџедовиќ во ситуација 3 на еден, му асистираше на Ферхан Хасани, а репрезентативецот на Македонија го совлада Алексовски за конечни 1:3.

Реваншот ќе се игра на 19. април во Тетово, а денеска од 17 часот втората полуфинална пресметка ја почнуваат Брегалница и Пелистер во Штип.

Најново во Фудбал