Имаше многу возбудувања и спас за финалистот на пенали

Шкендија на пенали во четвртфинале, Ренова се спаси во Струга во последен момент

Шкендија го елиминираше Работнички во највозбудливото осминафинале на домашниот куп и тоа по серијата пенали, откако и денеска како и на првиот меч резултатот беше 1:1. Ренова се спаси во Струга и со гол во последниот напад мина понатаму

објавено: 18 октомври 2017 - 16:41

Шкендија го елиминираше Работнички во највозбудливото осминафинале на домашниот куп и тоа по серијата пенали, откако и денеска како и на првиот меч резултатот беше 1:1. Ренова се спаси во Струга и со гол во последниот напад мина понатаму.

Шкендија поведе со голот на Радески во реваншот во Тетово, а израмни Херера со еврогол во финишот на реванш мечот. Се шутираа пенали, а „романтичарите“ имаа дури три утки и испаднаа.

Второлигашот Струга Трим-Лум беше на прагот на сензација и пласман во четвртфиналето, но во последниот напад примија гол и испаднаа во двомечот со Ренова. До 90 минута беше 2.1 за домаќините, но Ренова израмни на 2:2 и со вкупен резултат од 5:4 се пласира меѓу осумтте најдобри.

Победа ја декласира Брегалница со 5:1 и со вкупен резултат од 8:3 се најде во четвртфиналето. Таму е и Скопје по двете победи од по 3:0 со Еуромилк, Пелистер пак го победи Борец, денеска во Велес со 3:1 и оди понатаму со вклупен скор од 7:3. Убедливи во прволигашкото дерби беа Академците на Пандев и со 5:0 го декласираа Силекс, доволно за да се анулира негативата од 0:1 од првиот меч. 

Во ноември осминафиналниот двомеч ќе го почнат Вардар и Шкупи, а вчера Тетекс стана прв четвртфиналист по елиминацијата на Кожув со вкупен резултат од 5:4. 

Најново во Фудбал