Рутинска победа на фаворитот

Шкендија рутински во осминафиналето на националниот куп

Со два гола во првото полувреме Шкендија го смири амбициозниот второлигаш Гостивар и со победа од 2:0 се пласираше во осминафиналето на националниот куп

објавено: 30 август 2017 - 18:24

Со два гола во првото полувреме Шкендија го смири амбициозниот второлигашот Гостивар и со победа од 2:0 се пласираше во осминафиналето на националниот куп.

Абдурахими во 34. минута и Зејнулаи седум минути подоцна погодија за да ги разрешат сите дилеми. Шкендија денеска го играше мечот со Гостивар поради обврските во Европа и настапот во плејофот за пласман во Европа Лигата. 

Најново во Фудбал