Интересен старт на новиот тренер на вицешампионот

Шкендија тренира скок игра за финалето на купот, Ерхан Селими ја враќа атмосферата со баскет 3 на 3 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкендија се подготвува за финалето на националниот куп и мечот за одбрана на пехарот, против Пелистер, а новиот тренер Ерхан Селими одлучи да ги релаксира играчите со малку баскет во игра 3 на 3

 

објавено: 11 мај 2017 - 08:30

Шкендија се подготвува за финалето на националниот куп и мечот за одбрана на пехарот, против Пелистер, а новиот тренер Ерхан Селими одлучи да ги релаксира играчите со малку баскет во игра 3 на 3.

По смената на Томас Брдариќ и неуспешниот период од речиси 6 месеци, со Германецот, на клупата на второпласираната екипа во Првата лига, сега треба да се врати мирот и да се направат последните подготовки пред финалето со Пелистер за 6 дена во Струмица.

Затоа, Бесарт Ибраими, Ферхан Хасани, Бесарт Абдурахими и останатите играчи на „црвено-црните“ од Тетово, добија можност да покажат што знаат и во кошарката. Добрата атмосфера е половина успех, а во Шкендија не можат многу да се пофалат во тој сегмент во последно време. Вардар им избега недостижни 13 бода во домашното првенство, потоа следеше смената на Томас Брдариќ, а се ближи и финалето во купот.

Ако и тука се киксне, сезоната за Шкендија ќе биде апсолутно неуспешна, со оглед на тоа колку се инвестира во тимот, барем за наши услови. Селими го доби жешкиот костен в рака, а самиот почеток на еден од првите тренинзи како нов кормилар му е мошне интересен.

ФОТО: Клупски сајт Шкендија

Најново во Фудбал