ФАВОРИТИТЕ БЕЗ ПРОБЛЕМ

Шкупи немаше сила за пенали, Работнички и Шкендија тренираа реализација

Актуелниот бранител на куп-трофејот Работнички и еден од конкурентите за трофеите сезонава, Шкендија тренираа попладнево реализација во своите мечеви, па убедливо триумфираа на реваншите колку да се загреат за претстојните прволигашки средби викендов.

објавено: 21 октомври 2015 - 16:29

Шкендија беше најубедлива, па како гостин го згази Металург на стадионот „Борис Трајковски“ со 5-0, додека Работнички и вторпат го победи второлигашот Гостивар со 4-0. Хоризонт Турново и со играч помалку ја одржа предноста од првиот меч против Скопје, исто како и Младост Царев Двор против Влазрими, додека Силекс со втор триумф славеше и ја елиминира Ренова.

Шкупи немаше сила да се избори за пенали против Брегалница, која на Чаир дојде со предност од 2-0, а чаирчани брзо ја преполовија преноста, но не успеаа да постигнат и втор гол за возбудувањата да продолжат на овој меч.

РЕЗУЛТАТИ

Работнички – Гостивар 4-0 (4-0)

Љубанци – Македонија ЃП 0-0 (2-3)

Металург – Шкендија 0-5 (0-2)

Силекс – Ренова 3-1 (2-1)

Скопје – Х. Турново 2-2 (1-3)

Младосц ЦД – Влазрими 3-3 (4-2)

Шкупи – Брегалница 1-0 (0-2)

- во заграда се резултатите од првите мечеви

Најново во Фудбал