ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА КУПОТ

Шкупи - Шкендија во четвртфинална пресметка

Бранителот на трофејот ќе гостува во Скопје во првиот меч, додека реваншот ќе го игра пред своите навивачи во Тетово

објавено: 21 октомври 2016 - 12:46

Дуелот меѓу Шкупи и Шкендија е дербито на четвртфиналето на Купот на Македонија. Тоа беше одлучено на ждрепката која пред малку се оддржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Бранителот на трофејот во првиот меч ќе гостува кај Шкупи и тоа на 23 ноември, додека реваншот е закажан за 7 декември. 

Во останатите мечеви од четвртфиналната пресметка ќе играат: Пелистер - Силекс, Победа - Брегалница, и Металург - Вардар. 

Најново во Фудбал