Тетовци подобри за еден гол

Тетекс патува во четвртфиналето на македонскиот куп

Тетекс ќе игра во четвртфиналето на македонскиот куп по победата денеска против Кожув со 3:2 во реваншот. Првиот меч заврши без победник, 2:2

објавено: 17 октомври 2017 - 16:27

Тетекс ќе игра во четвртфиналето на македонскиот куп по победата денеска против Кожув со 3:2 во реваншот. Првиот меч заврши без победник, 2:2.

Денеска на теренот на АМС во Тетово, домаќините експресно поведоа со 2:0, но Кожув успеа да израмни на 2:2 и да ја врати неизвесноста. Сепак Тетекс постигна уште еден гол, клучен за победа од 3:2 денеска и пласман во четвртфиналето со вкупен резултат од 5:4.

Најново во Фудбал