ПЕЛИСТЕР ЛЕСНО, ПОБЕДА СО ПРЕСВРТ ДО ТРИУМФ

Тетово го има клучот за четвртфинале: Без победник на првиот меч меѓу Работнички и Шкендија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички и Шкендија одиграа без победник (1-1) во првата осминафинална пресметка од Купот на Македонија. Пелистер лесно го совлада Борец, додека Победа по пресврт ја совлада Брегалница на гостински терен (2-3).

објавено: 13 септември 2017 - 18:07

Патникот во четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкендија ќе биде познат на реванш мечот во Тетово, откако првиот дуел заврши без победник (1-1).

Бесарт Ибраими во 39. минута стрелаше за водство на гостите, додека „романтичарите" во второто полувреме со голот на Дурански во 71. минута ја искористија заспаноста на одбраната на Шкендија и изедначија на 1:1. Избраниците на Виктор Треневски можеа и порано да дојдат до гол, но Стјепановиќ во 54 минута од слободен удар од 25 метри ја погоди само рамката на голот.

На останатите средби, Пелистер без проблем го совлада Борец со 4:0. Интересно беше на дуелот меѓу Брегалница и Победа. Прилепчани по пресврт дојдоа до триумф на гостински терен 3-2.

1/8 ФИНАЛЕ ВО КУП
РЕЗУЛТАТИ ПРВ НАТПРЕВАР
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1:1
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ТЕТЕКС 2:2
СКОПЈЕ – ЕУРОМИЛК 3:0
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 4:0
СИЛЕКС - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1:0
РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ-ЛУМ 3:2
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2:3
ВАРДАР – ШКУПИ ОДЛОЖЕН

Најново во Фудбал