Тетовци со мака го сочуваа капиталот од Скопје во купот

Вардар доцна се разбуди, победи, но Шкендија ќе игра финале

Вардар забележа пирова победа од 1:0 во реваншот во Тетово против Шкендија, со што актуелниот шампион на Македонија испадна и нема да игра во финалето во националниот Куп. Шкендија го сочува капиталот од Скопје кога славеше со 3:1 и против Пелистер ќе ја брани куп круната 

објавено: 19 април 2017 - 18:20

Вардар забележа пирова победа од 1:0 во реваншот во Тетово против Шкендија, со што актуелниот шампион на Македонија испадна и нема да игра во финалето во националниот Куп. Шкендија го сочува капиталот од Скопје кога славеше со 3:1 и против Пелистер ќе ја брани куп круната.

Вардар беше доминантен во Тетово и имаше шанса за подвиг, но стрелците не беа расположени, па „црвено-црните“ тагуваат. Блажевски, Којашевиќ, Велковски имаа неверојатни шанси за гол, во ситуација еден на еден со голманот Марко Јовановски. Тој е херој на денеска очајната Шкендија и е најзаслужен за пласманот во финалето. Не успеа да го скроти само ударот со глава на Дарко Велковски во 60. минута, а се друго на чудесен начин успеа да одбрани. Мечот мина со инцидент по половина час игра и беше прекинат околу 20 минути. Во мешаница на теренот се „закачија“ капитените Хасани и Грнчарова, па добија црвени картони. Во наелектризирана атмосефра дел од домашните навивачи влетаа на терен, по што судијата Ставрев одлучи привремено да го прекине реваншот. Страстите се смирија, а Шкебндија со многу среќа се пласира во финалето. Претходно Пелистер со 1:0 ја победи Брегалница и со идентични 3:2 вкупно како и Шкендија ќе игра во завршницата за трофејот.

Најново во Фудбал