„РОМАНТИЧАРИТЕ“ ЌЕ МОРА ДА БАРААТ ДРУГО РЕШЕНИЕ

Вардар ги сели Работнички и Шкендија

Работнички и Шкендија првиот осминафинален Куп-натпревар нема да го играат на Арената "Филип втори“. 

објавено: 10 септември 2017 - 08:35

Работнички и Шкендија првиот осминафинален Куп-натпревар нема да го играат на Арената "Филип втори", поради настапите на Вардар во групната фаза во Лигата на Европа. Избраниците на Виктор Треневски ги пречекува тетовци на 13 септември, но дента Вардар и Зенит ќе тренираат, а додека следниот ден ќе го одиграат првиот меч.

Работнички ќе мора да го пријави за „домашен" стадион оној во Ѓорче или на ФФМ. Кога сме кај 1/8 финалето од Купот, одложен е мечот меѓу Шкупи и Вардар.Сите останати мечеви се играат во среда со почеток од 16 часот.

 

Најново во Фудбал