ШКЕНДИЈА БЕЗ ПРОБЛЕМИ СО КИТ ГО, ПЕЛИСТЕР ВО „АУТ“

Вардар и по 12 години нема да го види куп финалето (ФОТО)

Како што и се најавуваше и се очекуваше најголемото внимание во оваа фаза од куп натпреварувањето беше возвратната пресметка во Ѓорче помеѓу Македонија ЃП и Вардар. После нерешените 1:1 на првиот дуел во Маџари, „лавовите" приредија ново изненадување елиминирајќи ги избраниците на Васоски, откако триумфираа со 2:1.

објавено: 3 октомври 2018 - 16:57

Најпрвин дуелот со погодок го отворија ѓорчепетровци, тие погодија во 13.минута. По удар на еден играч на Македонија ЃП топката од гредата се одби до Кировски, кој го совлада вардаровиот голман за почетни 1:0 за „лавовите".

Вардарци се трудеа да израмнат и конечно успеаја да реализираат и тоа преку дебитанот Џемал Ибиши во 34.минута. Талевски одлично го проигра во простор, младиот вардарец дојде во ситуација еден на еден и од непосредна близина стрелаше за егал. 

Домаќините во вториот дел ја остварија целта, повторно погодија преку Кировски. Се играше 62. минута од овој дуел, ја затресе мрежата на „црвено-црните“ за нова позитива, резултат со кој Македонија ЃП минува во следната фаза.

Потоа, Шкендија по втор пат славеше против Кит Го, тетовци после триумфот на првиот меч со 2:0, овојпат во Пехчево беа уште поубедливи со 0:5. Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кога стрелаа Шефити во втората, Мици во 19-та и Фазли во 28-та мин.

Прилепска Победа по втор пат го преслуша Гостивар, Силес не дозволи изненадување во двомечот со Скопје, а битолски Пелистер покрај тоа што нема најдобри резултати во Втората лига, сега е и елиминиран во Купот и тоа од екипата на Беласица.

Академија Пандев веќе се гледаше како патник во четвртфиналето, после оние 6:2 на првиот дуел, па денешниот пораз од Брегалница Штип не влијаеше врз севкупниот резултат во двомечот.

Фото: Петр Стојановски

1/8 ФИНАЛЕ, КУП НА МАКЕДОНИЈА - РЕВАНШ

ДЕНЕСКА, РЕЗУЛТАТИ:

(6:2) Академија Пандев-Брегалница 0:1 (Коцев 23)
(2:0) Беласица-Пелистер 3:1 (Горгиев 65, Ивановски 67 пенал, 71/Бошковски 39)
(1:1) Македонија ЃП-Вардар 2:1 (Кировски 13, 62/Ибиши 34)
(2:0) Силекс-Скопје 2:1 (Додев 52, 57/Пановски автогол 3)
(0:2) Кит Го-Шкендија 0:5 (Шефити 2, 68, 90, Мици 20, Фазли 28)
(1:0) Работнички-Тиквеш 1:1 (Фазлиу 82/Мишов 85)
(2:1) Победа-Гостивар 4:1 (Велкоски 19, Гешоски 37, Ефремов 40, Тимовски 65/Исмаили 39)

(во заграда се и резултатите од првите натпревари)

Кораби е слободен

Најново во Фудбал