„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ЛЕСНО ПОМИНАА ВО 1/16-ФИНАЛЕТО НА КУПОТ

Вардар немаше милост, му даде 9 гола на Скендербег

Македонскиот првак го понижи третолигашот, кој едноставно мораше да ја трпи фудбалската лекција на теренот во Тетово 

објавено: 24 август 2016 - 18:19

Македонскиот фудбалски првак Вардар на убедлив начин ја започна борбата во Купот, откако со 9:0 славеше на гостувањето кај Скендербег, во дуел од 1/16-финалето. „Црвено-црните“ едноставно немаа милост кон третолигашот и стигнаа до една од најубедливите победи во историјата на ова натпреварување.

Отпорот на аутсајдерот траеше во првите 15 минути. Тогаш Дарко Глишиќ со шут од околу 30 метри погоди и го најави гол-шоуто на гостите. До крајот на првото полувреме во листата на стрелците се редеа Новак, Обрегон, Хамбарџумјан и Петковски.  

Во вториот дел вардарци решија да погодуваат само до 70 минута. Влатко Гроздановски даде два гола, а по втор пат во листата на стрелците се запишаа и Петковски и Обрегон. Во последните 20 минути мрежата на домаќините мируваше, а Вардар неуспеа триумфот да го заокружи со „десетка“. 

РЕЗУЛТАТ

Скендербег - ВАРДАР 0:9 (0:5)

Глишиќ 16', Новак 21', Обрегон 25', 70', Хамбарџумјан 45' п., Петковски 45+2', 66', Гроздановски 60', 62', 

Најново во Фудбал