ПРВОЛИГАШИТЕ СО ПОБЕДИ НА СТАРТОТ ВО КУПОТ

Вардар од пенал до осминафинале, Шкендија без мака, а Турново ја прегази Лирија

Македонскиот фудбалски шампион Вардар со гол од пенал стигна до осминафинале во денешната прва рунда од Купот на Македонија и најмногу се намачи за да го обезбеди пласманот во осминафиналето.

објавено: 12 август 2015 - 19:42

Вардар успеа на мечот да создаде шанси, но повторно затаи реализацијата, па како клучен момент се покажа новиот реализиран пенал по половина час игра на „деветката“ Дејан Блажевски, кој исто така погоди од белата точка и на дербито со Шкупи во стартното реми 2-2 за црвено-црните.

Тетовска Шкендија, која в недела ќе го пречека Вардар во дербито во Куманово славеше лесна и убедлива победа со 4-0 во Кичево против Зајас со головите на Усеини, Кировски, Радески и Ибраими, а најубедлив беше Хоризон Турново. Турновци, кој преку баражот останаа прволигаши, најубедливо ја почнаа и прволигашката сезона со 4-0 против Ренова, а сега во Купот со 11-0 ја згазија Лирија. Малку понеубедлив беше Металург, кој со 9-1 го победи Малеш

Во осминафиналето пласман обазбедија и Силекс, Младост Царев Двор по победата кај Победа во Прилеп, Шкупи и Ренова, која во самиот финиш од мечот стигна до триумф против Еуромилк. Од прволигашите Работнички и Брегалница утре ќе ги одиграат своите мечеви, поради тоа што во понеделникот играа меѓусебе во првото коло од Првата лига.

РЕЗУЛТАТИ

Еуромилк – Ренова 1-2

Вулкан – Македонија Ѓ.П. 2-0 прекината

Превалец – Силекс 0-4

Лирија – Х. Турново 0-11

Зајази – Шкендија 0-4

Беласица – Скопје 0-2

Љубанци – Тетекс 4-3 пен., 1-1

Победа – Младост ЦД 6-7 пен, 1-1

Кожув – Вардар 0-1

Малеш – Металург 1-9

Љуботен – Шкупи 1-5

Поешево - Гостивар 3-5 пен., 0-0

 

УТРЕ - 17.30 часот

Фортуна - Работнички

11 Октомври – Пелистер

Плачковица - Брегалница

Најново во Фудбал