Без посериозни изненадувања минаа реванш натпреварите

Вардар, Шкендија, Пелистер и Брегалница останаа во битка за Куп трофејот

Актуелниот шампион Вардар, бранителот на Куп трофејот Шкендија и Пелистер и Брегалница се полуфиналисти во националниот Куп, откако победија во реванш-натпреварите денеска

објавено: 7 декември 2016 - 14:57

Актуелниот шампион Вардар, бранителот на Куп трофејот Шкендија и Пелистер и Брегалница се полуфиналисти во националниот Куп, откако победија во реванш-натпреварите денеска.

Вардар повторно рутински одработи и со нова победа од 4:1 против Металург лесно се пласира во полуфиналето со вкупен резултат од 8:2. Единственуиот второлигаш во четвртфиналето Металург немаше сили да му се спротивстави на шампионот, кој победи со головите на Николов и хет-трикот на Балотели. За Металург стрелец беше Фидановски.

Шкендија конечно го победи Шкупи по три меча без триумф против чаирчани. И тука имаше хет-трик и тоа на Бесарт Ибраими, кој си поигруваше со слабата одбрана на Шкупи. Стрелец беше и Жуниор за убедлива победа од 4:0, што е и вкупен резултат во двомечот.

Пелистер е хит и во натправерите од националниот Куп, а денеска со нова победа го елиминира двојниот освојувач Силекс. Ристе Маркоски најави нова победа на битолчани со гол во 45. минута, а сите дилеми околу патникот во полуфиналето ги разреши стрелецот на единствениот гол во првиот дуел Боби Божиновски. Тој пак беше прецизен, во 66. минута во реваншот за недостижни 0:2 во тој момент. Глигор Глигоров беше стрелец на единствениот погодок за Силекс во 76. минута.

Брегалница ја декласира Победа со 3:0 и со вкупен резултат од 5:2 е полуфиналист. Жежов, Георгиев и Здравков стрелаа во мрежата на прилепчани за пат во полуфиналето. 

Најново во Фудбал