Резултати за неизвесни реванши во полуфиналето

(Видео) Тврд гипс за Шкендија, Пелистер го најде рецептот за победа против Академија Пандев

Ренова приреди изненадување против Шкендија и има одлични, 1:1 за реваншот во полуфиналето на националниот куп на Македонија, а битолчани конечно го најдоа рецептот за победа на вториот полуфинален меч меѓу Пелистер и Академија Пандев

објавено: 14 март 2018 - 16:00

Ренова приреди изненадување против Шкендија и има одлични, 1:1 за реваншот во полуфиналето на националниот куп на Македонија, а битолчани конечно го најдоа рецептот за победа на вториот полуфинален меч меѓу Пелистер и Академија Пандев и со предност од 2:1 ќе патуваат во Струмица на реваншот.

Гостите на двата први полуфинални дуели имаа предност од 1:0 со головите на Влатко Стојановски за Ренова и на Јани Атанасов за Академците на Пандев, но сепак домаќините не дозволија порази.

Шкендија израмни со голот на Изаир Емини и потоа доминираше, но не победи. Лидерот во македонското првенство и 11 меч во серија не загуби од Ренова, но „гипсарите“ се позадоволни од првите 90 минути во полуфиналето на купот.

Пелистер успеа да направи комплетен пресврт и по 0:1 на полувреме да обезбеди предност од 2:1 за реваншот. Најпрво Маневски погоди, а потоа и Илијовски во финишот беше стрелец за актуелниот бранител на трофејот во купот.

Реваншите се на 11. април.

Најново во Фудбал