ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ВО БАНСКО

„Лавовите“ загубија од Арда Карџали

Македонија ЃП поразена е со 0:1 од бугарскиот второлигаш

објавено: 12 јули 2018 - 09:40

Македонија ЃП продолжува со подготовките во Банско, продолжува и со играње на пријателски натпревари.

Па така во средата „лавовите" се сретнаа со тимот на Арда Карџали, кој се натпреварува во Втората лига во Бугарија, и загубија со 0:1.

Тренерот Александар Таневски им дал шанса речиси на сите свои фудбалери кои конкурираат за стартните единаесет.

Следната контрола ѓорчепетровци ќе ја имаат на 14 јули.

Најново во Фудбал