НАСТАПИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ

ЛЕ: Аврамовски „мириса“ плеј-оф, Демири немаше решение за Бордо!

Дел од нив со делумни шанси за настап во плеј-офот како последна пречка за настапот во групите на Лига Европа

објавено: 10 август 2018 - 08:00

Македонските интернационалци со своите клубови во првите натпревари од третото квалификациско коло, а најблиску до плеј-офот се наоѓа Даниел Аврамовски.

Тој го одигра скоро целиот меч во триумфот дома од 3:0 на Олимпија Љубљана против финскиот ХЈК. Беше заменет од Савиќ во 85. мин., а во текот на мечот имаше и шанса за погодок, но ја погоди стативата.

Секако блиску до плеј-офот на ЛЕ се наоѓаат и Иван Тричковски и Даниел Мојсов кои со АЕК Ларнака славеа со 0:2 кај Штурм Грац. Првиот гол за Кипраните го постигна Тричковски кој настапи до 77. мин., а подолго време на терените се врати и Мојсов кој настапи од 60. мин. како замена за Јоану.

Ристо Митревски остана меѓу резервите во високиот домашен пораз на Макаби Хаифа од Аталанта (1:4) во чиј пак италијански состав не беше Дејан Кулушевски.

Мариупол пред своите гледачи загуби со 1:3 од Бордо. За украинската екипа целиот меч против Французите го одигра Бесир Демири кој доби и жолт картон во 81. мин. на стадионот „Черноморец" - Одеса.

Едис Малиќи не беше во составот на албанскиот Кукси кој на гости убедливо загуби од грузискиот Торпедо (5:2). Мирко Ивановски настапи до 64. мин. во ремито без голови на Хајдук Сплит со романската Стеауа.

Леонард Жута го одигра целиот меч во ремито (1:1) на Риека во Норвешка против Сарпсборг, а кај хрватската екипа не беше Дарко Велковски кој е надвор од терените поради повреда.

Бенјамин Демир не беше во составот на српскиот Спартак (пораз од Брондби, 0:1), односно не е регистриран од УЕФА.

3. квалификациско коло, Лига Европа (први натпревари), резултати:

Пјуник (Ерменија) - Макаби Тел Авив (Израел) 0:0

Уфа (Русија) - Прогрес Нидеркорн (Луксембург) 2:1
Алашкерт (Ерменија) - Клуж (Романија) 0:2
Торпедо Кутаиси (Грузија) - Кукс (Албанија) 5:2
Спартак Јурмала (Латвија) - Судува (Литванија) 0:1
Макаби Хаифа (Израел) - Аталанта (Италија) 1:4
Лајпциг (Германија) - Крајова (Романија) 3:1
Лудогорец (Бугарија) - Зрински Мостар (Босна и Херцеговина) 1:0
Шериф Тираспол (Молдавија) - Валур (Исланд) 1:0
Бер Шева (Израел) - АПОЕЛ Никозија (Кипар) 2:2
Мариупол (Украина) - Бордо (Франција) 1:3
Динамо Минск (Белорусија) - Зенит Санкт Петербург (Русија) 4:0
Штурм Грац (Австрија) - АЕК Ларнака (Кипар) 0:2
Тренчин (Словачка) - Феенорд (Холандија) 4:0
Аполон (Кипар) - Динамо Брест (Белорусија) 4:0
Сигма Оломуц (Чешка) - Кајрат (Казахстан) 2:0
Јагелонија (Полска) - Гент (Белгија) 0:1
ЦСКА (Бугарија) - Копенхаген (Данска) 1:2
Нордсјеланд (Данска) - Партизан (Србија) 1:2
Олимпија (Словенија) - ХЈК Хелсинки (Финска) 3:0
Генк (Белгија) - Лех Познањ (Полска) 2:0
Олимпијакос (Грција) - Луцерн (Швајцарија) 4:0
Истанбул Башакшехир (Турција) - Барнли (Англија) 0:0
Бешикташ (Турција) - ЛАСК Линц (Австрија) 1:0
Витесе (Холандија) - Базел (Швајцарија) 0:1
Зорја Луганск (Украина) - Спортинг Брага (Португалија) 1:1
Корк Сити (Ирска) - Розенборг (Норвешка) 0:2
Њу Сејнтс (Велс) - Мидтјиланд (Данска) 0:2
Хибернијан (Шкотска) - Молде (Норвешка) 0:0
Хајдук Сплит (Хрватска) - Стеауа (Романија) 0:0
Спартак Суботица (Србија) - Брондби (Данска) 0:2
Сарпсборг (Норвешка) - Риека (Хрватска) 1:1
Легија Варшава (Полска) - Дуделанж (Луксембург) 1:2
Ренџерс (Шкотска) - Марибор (Словенија) 3:1
Слован Братислава (Словачка) - Рапид Виена (Австрија) 2:1
Севиља (Шпанија) - Жалгирис (Литванија) 1:0

 

Најново во Фудбал