ПО НАСТАПОТ НА ТИНЕЈЏЕРОТ ВО ДРЕСОТ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

Легедарниот Милко Ѓуровски сега падна на третото место

Иван Илиќ стана најмладиот играч кој дебитирал во Суперлигата на Србија

објавено: 3 април 2017 - 08:10

Талентираниот играч на Црвена Звезда, Иван Илиќ, во една категорија го надмина некогашниот македонски фудбалер, Милко Ѓуровски. Илиќ стана најмладиот фудбалер кој дебитирал во српски тим, во првенствен меч.

Илиќ влезе на дуелот против Спартак и тоа во судиското надополнување. Помина само 2-3 минути на теренот, но со 16 години и 15 дена го надмина досегашниот рекорд. Претходно најмлад играч беше Душан Влаховиќ кој дебитирал со 16 години и 24 дена.

 

Третото место на оваа листа на најмлади дебитанти е за легендарниот Милко Ѓуровски. Тој играше во дресот на Црвена Звезда со 16 години и 43 дена. 

Најново во Фудбал