„РОМАНТИЧАРИТЕ“ ТРЕБА ДА ЈА ЗАВРШАТ УНГАРСКАТА ЗАДАЧА

„Лесен“ пат за Работнички кон 3. коло во Лига Европа?

Откако избраниците на тренерот Јовановски остварија минимална предност против Хонвед, мислите се веќе насочени кон Будимпешта, но и евентуалниот противник во 2. квалификациско коло на Лига Европа.

објавено: 13 јули 2018 - 20:30

Македонскиот претставник триумфираше на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" - Скопје славеше со 2:1 против Унгарците, реваншот ќе се одигра на 19. јули во 18:00 часот.

Доколку „романтичарите" бидат победници во двомечот, можно е во второто квалификациско коло да добијат нешто „полесен" противник.

Изненадувачки, по првите 90. минути во Азербејџан, домаќинот Габала загуби со 0:2 од претставникот на Луксембург, Прогрес Нидеркорн. Реваншот е на 19. јули од 19:30 часот.

Ова би било добра шанса за Работнички да се надева на уште еден голем успех, а потсетување во третото квалификациско коло на ЛЕ се наоѓаат ривали како Зенит, Олимпијакос, Брага, Гент, Феенорд, Брондби... а тука е и Риека на нашите интернационалци Леонард Жута и Дарко Велковски.

Најново во Фудбал