ШПАНЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ИМА ИНТЕРЕС

Леванте бара 25 милиони евра за Енис Барди

Македонскиот репрезентативец би си заминал од клубот само ако некој заинтересиран ја откупи неговата ослободителна клаузула од 25 милиони евра.

објавено: 9 август 2018 - 20:00

Лани дебитираше за Леванте во најсилната шпанска фудбалска Примера, веднаш го привлече вниманието како „специјалист" за слободни удари наоѓајќи се на крајот од минатата сезона веднаш зад Лионел Меси во статистиката.

„Има гласини дека Енис Барди би можел да си замине од Леванте. Интересот постои, но тој би бил пуштен сако ако еден од клубовите ја плати клаузулата, која изнесува 25 милиони евра", информира „lasprovincias.es"

Во тек се летните подготовки, наскоро ќе започне новиот шампионат на Пиринеите, нормално Барди тренира, ја темпира формата, игра на пријателските мечеви со Леванте. Да потсетиме, пред да се пресели во Шпанија играше за унгарската екипа на Ујпешт, а претходно беше дел уште од Преспа Бирлик од Шведска, Брондби и Шкупи.

Најново во Фудбал