ПОРАНЕШНАТА ЅВЕЗДА НА АРСЕНАЛ ПРЕД ДВОМЕЧОТ СО ТЕТОВЦИ

„Лордот“ гладен за голови: Само да не се разбуди против Шкендија...!

Наскоро ќе започне двомечот помеѓу Розенборг и Шкендија во рамките од плеј-офот на Лига Европа за пласман во групната фаза.

објавено: 19 август 2018 - 09:30

Да потсетиме, првиот меч се игра на 23. август во Норвешка со почеток од 20:45 часот, а реваншот е во Скопје една недела подоцна.

Веќе од одамна е започнат шампионатот во Норвешка, каде што Розенборг моментно после 18. кола е на второто место со 37 бодови, еден помалку зад водечкиот Бран.

Еден од најискусните играчи на Розенборг и поранешна ѕвезда на Арсенал, Данецот Никлас Бендтнер не е задоволен од досегашниот број на реализирани голови од негова страна. Во првенството од 17 одиграни натпревари има четири голови. Истиот број на погодоци го има уште Конрадсен, а подобар од нив е Исланѓанецот М. Вилхјалмсон со шест голови од 18. меча.

„Не сум задоволен од мојата форма оваа сезона. Јасно е тоа дека од напаѓач се очекува да постигнува голови колку што е можно повеќе. Секако, задоволен сум на позицијата каде што се наоѓам, но сакам да доаѓаат голови и од моја страна. На тој начин да му помогнам на тимот, и јас да бидам среќен во таквите позитивни резултати", рече Бендтнер.

Лани беше топ стрелец во шампионатот со 19 погодоци од 29. натпревари, но сега како што признава и самиот е далеку од посакуваната голгетерска форма. Летово во европските квалификации имаше само два погодоци од пенал против исландскиот Валур.

 

Најново во Фудбал