ВО АКЦИЈАТА „ЧИСТИ РАЦЕ“

Македонец меѓу уапсените во белгискиот фудбалски скандал!

Драган Силјаноски е ново име кое се појави во белгиските медиуми во рамките од еден од најголемите фудбалски скандали во Европа. Ова се рефлектира на Клуб Бриж кој е учесник сезонава во Лигата на шампионите.

објавено: 12 октомври 2018 - 11:01

Македонецот (менаџер на тренерот на Бриж, Иван Леко) е уапсен под сомнение во перење пари и соработка со криминална организација.

Налози за апсење беа издадени уште против советници на играчи, Дејан Вељковиќ, Моги Бајат и Карим Мејати.

Полицијата воедно претресе десетици објекти во Белгија и во странство.  Иако воедно Белгијците пишуваат дека Силјаноски (поранешен фудбалер на Антверп) е менаџер на Иван Сантини, хрватскиот репрезентативец од Андерлехт во ниту еден момент не се спомнува како можен сведок.

Најново во Фудбал