ЖДРЕПКА ЗА ЕЛИТНАТА РУНДА НА У19, ЗА ПЛАСМАН НА ЕП

Македонија во група со Англија, Унгарија и Летонија

Македонија ја има улогата на фаворит, бидејќи во ждрепката беше како носител од првито барабан

објавено: 6 декември 2017 - 11:11

Македонските фудбалски надежи до 19 години ќе играат против Англија, Унгарија и Летонија, во елитната група за пласман на ЕП 2019. „Црвено-жолтите“ одиграа одлично во групната фаза во Скопје, победувајќи на сите три меча и завршија како првопласирани, пред Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. 

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ сега ќе го имаат последниот голем предизвик, пред посакуваниот пласман на завршницата на континенталниот собир. Македонија ќе биде во улога на носител во елитната група. 

Квалификациите во сите групи мора да завршат до 20 мај, а само најдобрите од сите седум групи ќе бидат дел од завршницата на Европското првенство кое ќе биде во Финска, од 16 до 29 јули. 

Најново во Фудбал