НОВ ФУДБАЛЕР ОВА ЛЕТО МЕЃУ „ШТОФАРИТЕ“

Македонски репрезентативец го засили Тетекс

Фудбалскиот клуб на Тетекс продолжи да се засилува за претстојната сезона и во своите редови донесе ново име – централниот дефанзивец Антонио Митрев.

објавено: 9 август 2018 - 21:36

Се работи за 19-годишен активен репрезентативец на Македонија кој доаѓа на еднагодишна позајмица од редовите на ФК Балзан, Малта.

Во својата фудбалска кариера има настапувано за првиот и вториот тим на Металург, Црвена Звезда У-19 од Србија, Тарџиен и Балзан.

Претходно, во тимот пристигнаа Јане Иваноски и Стефан Коцев од Македонија Ѓ.П, Марјан Мицков од Силекс, Башким Љама на позајмница од Шкендија, Филип Крстевски Роберт Младеновски и Кенан Ватиќ од Локомотива, пренесува навивачкиот сајт „Напред-Тетекс" (napred-teteks.mk)

Да потсетиме, Тетекс во првото коло од Втората лига - Запад ќе игра против новиот второлигаш Генч Калемлер на 18. август, а четири дена подоцна дома во Купот ќе се сретне со Гостивар.

Најново во Фудбал