За да биде полесно за гостинските фанови на Сведбанк арена

Малме ќе ги смести вардаровите навивачи зад гол, Швеѓаните се потрудија да има информации и на македонски јазик

Навивачите на Вардар ќе бидат сместени заедно, зад едниот од головите на „Сведбанк“ арена во Малме, а домаќините навистина се потрудија, па информации за кои делови да се купуваат билети има и на македонски јазик

објавено: 7 јули 2017 - 09:24

Навивачите на Вардар ќе бидат сместени заедно, зад едниот од головите на „Сведбанк" арена во Малме, а домаќините навистина се потрудија, па информации за кои делови да се купуваат билети има и на македонски јазик, на официјалниот сајт на ФК Малме.

На вардаровите симпатизери им се препорачува да купуваат билети за секторите 17 и 18, кои се зад голот на Источната трибина. Се очекува „Сведбанк“ арена да биде полна, капацитетот за интернационални фудбалски мечеви е 21 илјади места, а сигурно ќе има и стотина вардарови симпатизери. Првиот дуел во Шведска во рамките на второто квалификациско коло за пробив во Лигата на шампионите ќе се игра на 12. јули од 19 часот , а реваншот е во Струмица на 18. јули од 18 часот.

 

 

Најново во Фудбал