Очекуван притисок од гостите

Малме тренираше на „Младост“, на Швеѓаните ништо не им чини (Фото)

Фудбалерите на Малме тренираа на стадионот „Младост“ во Струмица со очекуваните протести за теренот, за стадионот, а веројатно да можат би го смениле и резултатот од првиот меч. Очекуван е притисокот од гостите од Шведска, бидејќи пред се им пречи ремито од пред неполна седмица на „Сведбанк“ арена

објавено: 17 јули 2017 - 21:21

Фудбалерите на Малме тренираа на стадионот „Младост" во Струмица со очекуваните протести за теренот, за стадионот, а веројатно да можат би го смениле и резултатот од првиот меч. Очекуван е притисокот од гостите од Шведска, бидејќи пред се им пречи ремито од пред неполна седмица на „Сведбанк" арена.

Притиското е голем врз плеќите на Малме, за нив елиминација од Вардар ќе биде катастрофа, тоа постојано се напоменува и во шведските медиуми, па нормално е да се прави и пристисок. Фудбалерите на шведскиот првак вечерва го имаа официјалниот тренинг пред утрешниот реванш со нашиот првак, а имаа забелешки на тревникот.

„Теренот е лош за игра, но и во такви услови ќе мора да најдеме сили да бидеме подобри од Вардар“, вели гостинскиот тренер Персон.

И Вардар не игра во Струмица, стадионот „Младост“ не му е домашен терен, па условите се еднакви за двата тима. Малме е фаворит, има искуство со настапи во Лигата на шампионите, а сепак и стравот од елиминација е присутен, па очекувано е да се прави притисок. На вардарци е редот утре со добра игра и елиминација да им го урнат алибите на прваците на Шведска и да си закажат двомеч со данскиот првак ФК Копенхаген.

Најново во Фудбал