НА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК МУ Е ПОТРЕБНА ПОДДРШКА ОД ТРИБИНИТЕ

Малме тргна за Струмица каде ќе ги чека полн стадион

Стадионот „Младост“ има капацитет од околу 7.000 гледачи

објавено: 17 јули 2017 - 11:43

Македонскиот фудбалски првак Вардар ги има завршните подготовки пред утрешниот реванш дуел против Малме, во квалификациите за пласман во третото претколо од Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ имаат позитивни 1:1 од гостувањето во Шведска и веруваат дека по последнито свиреж на судијата, утре ќе се радуваат.

Дуелот се игра во Струмица на стадионот „Младост“, каде се очекува трибините да бидат полни, што значи поддршка од околу 7.000 гледачи. Билет за средбата е 500 денари, а според најавите половина од картите веќе се продадени.

Екипата на Малме тргна кон Македонија и треба да пристигне во 14 часот, а околу 16 се очекува да биде во Струмица. Гостите, треба да имаат тренинг во 18 часот, кога утре ќе стартува натпреварот.

Шведскиот првак ја има улогата на фаворит според рангирањето на УЕФА, но Вардар покажа дека не се плаши и дека може да одигра доволно квалитето за да се пласира во следната фаза. 

 

 

Најново во Фудбал