ЕВРОПСКИТЕ ГИГАНТИ ПО МАКЕДОНЕЦОТ

Манчестер Јунајтед, Арсенал, Борусија...го сакаат „дијамантот“ Елиф Елмас!

Младата фудбалска ѕвезда на турскиот гигант повторно е на „радарот" на големите фудбалски клубови..

објавено: 9 август 2018 - 13:59

Елиф Елмас има одлична пред-сезона во редовите на Фенербахче, има само пофални зборови од својот тренер Филип Коку.

Како што пренесуваат турските медиуми, славниот Манчестер Јунајтед на португалскиот менаџер Жозе Мурињо ги посакува услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Техниката која ја има нашиот интернационалец секако го привлекува вниманието, претходно на ПСЖ, а сега и на „црвените ѓаволи".

Но немало само луѓе од „Олд Трафорд“..на дуелот од квалификациите за ЛШ во Лисабон помеѓу Бенфика и Фенербахче (1:0), на стадионот „Да Луж" имало скаути уште од Арсенал, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, Тотенхем и Валенсија.

Најново во Фудбал