Го „нападнаа“ руските новинари

Манчини е задоволен и без шут на гол цел час: Игравме добро во второто полувреме

Роберто Манчини е под силен притисок, како шеф на стручниот штаб на Зенит, иако екипата од Санкт Петербург е лидер на табелата по девет кола во руското првенство

објавено: 10 септември 2017 - 21:43

Роберто Манчини е под силен притисок, како шеф на стручниот штаб на Зенит, иако екипата од Санкт Петербург е лидер на табелата по девет кола во руското првенство.

Денеска Зенит одигра блед меч со Динамо во Москва и вторпат во низа не постигна гол. Постот без погодок е над 200 минути, но тоа не го загрижува Манчини. На прашање дали е загрижен што неговите играчи не упатија ниту еден директен удар кон голот на Динамо до 60. минута.

„Игравме подобро во второто полувреме и јас сум задоволен. Во првиот дел имавме проблеми, лошо го освојувавме и браневме просторот, но потоа се поправивме“, изјави Манчини.

Зенит во четврток ќе му биде прв гостин на нашиот првак Вардар во меч од Л групата во Европа Лигата, а во Скопје доаѓа непоразен во новата сезона во домашното првенство, но и без постигнат гол цели 210 минути.

Најново во Фудбал