по првото полувреме на чаирчани против славниот Ренџерс

Марфи го проби бедемот на Шкупи (Видео)

Трофејниот шкотски клуб води со 1:0 на свој терен пред 50.000 гледачи против скопскиот противник

објавено: 12 јули 2018 - 21:37

Легендарниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс има водство од 1:0 против Шкупи, по првото полувреме во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. На легендарниот стадион „Иброкс“, пред повеќе од 50.000 гледачи, Ренџерс имаше целосна офанзива во првите 45 минути, а тоа резултираше само со еден погодок. 

Џејми Марфи погоди во 23 минута, откако успеа да влезе во шеснаесетникот на Шкупи и од близина да го матира Суат Зендели. Домаќините упатија вкупно 12 удари кон голот на Шкупи, од кои три беа во рамките на голот на чаирчани, кои храбро се бранат против славниот противник.

 

Најново во Фудбал