УШТЕ ЕДНО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ВТОРОЛИГАШОТ

Марјан Мицков е нов фудбалер на Тетекс

ФК Тетекс доведе уште едно засилување или вкупно петто во овој летен преоден рок, откако постигна договор со искусниот Марјан Мицков.

објавено: 17 јули 2018 - 00:17

Искусниот дефанзивец кој во минатата сезона ја носеше капитенската лента во Силекс, во неговата богата фудбалска кариера има настапувано за Вардар, Ренова, Шкендија, Тиквеш и Еуромилк.

Клубот е задоволен што успеа да ангажира искусен фудбалер кој ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија.

Да потсетиме, претходно клубот ги ангажираше Башким Љама на позајмица од Шкендија, Филип Крстевски од Локомотива, Никола Ѓорѓиевски од австриски FAV AC и Стефан Коцев од Македонија Ѓ.П, пренесува навивачкиот сајт „Напред Тетекс“ (napred-teteks.mk)

Најново во Фудбал