Одлично дерби на „Телеком арената“

(Видео) Кога Вардар ќе надојде...

Ефикасно дерби со многу убави потези и голови, одиграа Вардар и Шкендија, во Скопје, а шампионот беше подобар и славеше со 3:1 против главниот конкурент за титулата

објавено: 27 февруари 2017 - 08:47

Ефикасно дерби со многу убави потези и голови, одиграа Вардар и Шкендија, во Скопје, а шампионот беше подобар и славеше со 3:1 против главниот конкурент за титулата.

Скопските „црвено-црни“ беа многу порасположени за игра, имаа и многу повеќе расположени поединци во своите редови, делуваа одлично и како тим, а едно име отскокна на мечот. Бразилскиот ас Хуан Фелипе со два гола, од кои третиот за Вардар велемајсторски го заслужи епитетот играч на мечот. 

Погледнете ги најинтересните моменти на дерби натпреварот од 20. коло во домашното првенство.

Најново во [Спортмедиа]